Опис
Квалитетите на еден мотоцикл се поврзани со неговиот успех на пазарот, а македонските купувачи инсистираат да добијат најдобар однос на инвестирани средства и она што се добива за возврат. Таквиот пристап овозможува добро познавање на спецификациите на моделите од одреден сегмент и полесно сегментирање на квалитетното и привлечното. Привлечниот дизајн е важен за првата комуникација и стекнување одреден респект кај потенцијалниот нов фан на одреден модел, а подоцна на сцена стапуваат соодветните перформанси и удобноста, која овозможува пријатни моменти и на подолги дестинации. Ваквата комбинација е одлучувачка при изборот на нов скутер, а JONWAY 125 7A гарантира успешен рецепт кој е искористен во производството на овој модел, чии продажни бројки и популарност на повеќе континенти зборува многу за скутерот со привлечна цена. Користејќи го докажаниот агрегат, JONWAY 125 7A го комбинира економичното возење со спортските гени и овозможува релаксирани минути зад управувачот. Седиштето е доволно удобно и доволно комфорно за двајца патници, а суспензијата повеќе од соодветна за она што се очекува од ваков тип на транспортер на две тркала кој во прв план го става долготрајното и квалитетното. Со должина нешто помала од два метри и тежина од 100 колограми не е изненадување што агрегатот со работна зафатнина од 125 кубни сантиметри ослободува доволно сила која тркалата ја претвораат во вистинско задоволство зад управувачот. Максималната брзина е сосема пристојна за приоритетните градски задачи, а позитивна страна му е и потрошувачката која обезбедува нови поени за овој модел. Според спецификацијата, JONWAY 125 7A троши навистина малку, а со капацитетот на резервоарот се обезбедува поголема автономија која е пропратена со одлични перформанси и стабилност при секакви услови на подлогата.
Модел: | JONWAY 125 7A |
Тип на мотор: | 152 QMI
|
Моќност: | 6,9 КС |
Отвор и удар: | 52,4 мм x 57,8 мм |
Систем за стартување: | електричен (CDI) / Кик |
Сооднос на компресија: | 9,0:1 |
Должина x Ширина x Висина: | 1.980 mm x 680 mm x 1.120 mm |
Капацитет на батеријата: | 12V7Ah |
Големина на тркала: | Предни 80/90-14 Задни 90/90-14 |
Меѓуоскино растојание: | 1.280 mm |
Тежина: | 100 кг |